Сара Мејс: Ќерка ми со каменче си го напиша името кај мене на кола, сега си ја возам изгребана!

Времеплов во најновата емисија на „Нешто конкретно“, зборуваме за едно време кога се беше поубаво, понаивно, поненаметливо, зборуваме за шареноликоста на детсвото во кое израснаа другите генерации и споредуваме како сега растат децата. Од кога не сте виделе некој на улица да игра „Сакате ли војска“, „Жмурка“, „Камај, камај“, „Ластик“, да си игра со џамлии на земја и што уште не, впрочем, од кога не сте виделе деца на улица?

Сара Мејс: Ќерка ми со каменче си го напиша името кај мене на кола, сега си ја возам изгребана!

Напредната технолохија ни го олесни животот, но дали влијае добро на растот на нашите деца? Во емисијата имаме гости кои што работат со деца, растат деца и секојдневно се соочуваат со проблемите на новите генерации. Цаци Паковска, како автор на емисијата за деца „Дајте музика“ зборува за начинот на кој што таа ги воспитува своите деца и за искуството со оние со кои што работи. Сара Мејс евоцира спомени од своето детство, но во емисијата сподели и како знае да го казни своето дете кога е потребно. Д-р Ангелчо Андоновски со своите синови е на „брат“, а Вели Мумин дневната соба ја претвора во ринг кога неговите деца не знаат каде да ја потрошат вишокот енергија (smiley)  „цели се на тато“, вели тој.

Зошто се вика убав на мама, а паметен на тато? Кој треба да ги воспитува децата мажот и ли жената? Се чини дека се што е лошо кај децата му се препишува на оној што е помалку присутен, а доброто колку и да е добро секогаж може да биде подобро. На овие и други теми зборуваме во најновата емисија на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, влезете на нашиот канал кликнете subscribe и погледнете ја целата емисија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.