Семејно насилство во Гостивар – мајка си го претепала сопственото дете

Четириесетгодишна мајка од Гостивар кривично ќе одговара за насилство врз сопственото дете.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против четириесетгодишната М.С. од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 04.07.2025, пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете и му нанела повреди“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: