Европските берзански индекси скокнаа во вторникот, поттикнати од силните резултати од работењето на европските компании и очекувањата од натамошно олабавување на монетарната политика во еврозоната со оглед на мешаните макроекономски показатели.Лондонски FTSE порасна за 1,3 отсто на 6.363 поени, франкфуртски DAX беше во плус 1,57 отсто, на 7.595 поени, додека париски CAC скокна за 2,58 отсто и изнесуваше 3.746 поени.Меѓу најголемите поединечни добитници беа производителите на чипови ARM и STMicroelectronics, со скок на цените на акциите од 8,6 односно 5,7 отсто. ARM објави подобра добивка од очекуваното, додека STMicro извести за показатели за закрепнување на пазарот и очекува дека новиот производ ќе ја подобри продажбата во втората половина од годината.Од економските показатели од еврозоната, во фокусот беше индексот на менаџери за набавка (PMI) на лондонската истражувачка компанија Markit. Податоците за април укажуваат на подобрување на пазарите во еврозоната кои претходно беа слаби, а тоа воглавно се однесува на Франција со оглед дека нејзината криза во април сепак е ублажена по остриот пад во март, најголем од 2009 година.Непријатно изненадување беа податоците од Германија кои во април ги погоди остар пад на активностите откако досега успешно и одолеваше на кризата.Брокерите сметаа дека слабите германски податоци ги зголемија изгледите за натамошни монетарни поттикнувања во еврозоната, можно е да бидат во вид на намалување на каматните стапки веќе на состанокот закажан за наредната недела.„Бундесбанката би можела да биде нешто повеќе склона кон мерки кои се однесуваат до каматните стапки. И натаму постои веројатност да дојде до намалување на каматните стапки“, изјави еден европски брокер.Од поединечните добитници се издвои производителот на луксузни производи Richemont, со скок на акциите од 6,4 отсто, откако сигнализираше дека годишната добивка му е зголемена за третина во однос на претходната година.На денешните добитници им се придружија фармацевтските гиганти Novartis, Sanofi и Roche, кои на големо придонесоа на скок на европските берзи.
МакфаксЕвропските берзански индекси скокнаа во вторникот, поттикнати од силните резултати од работењето на европските компани