Во центарот на грчката престолнина Атина, силувач кој го нарекуваат „змејот на егзархијата“ шета низ населбата во која ги напаѓа своите жртви.
Весникот Прототема наведува дека последниот напад се случил вчера во 7 часот и 20 минути на улицата Никитара, каде манијак мирно и пришол одзади на 29-годишна девојка која одела на работа.
- Ѓоковиќ ги воодушеви домаќините на прес-конференцијата: „Ова е најважната земја во историјата на човештвото“
- ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци
- Трамп и Урсула се скараа; Доби одговор – краток и јасен
- (Видео) Се запали облакодер во Дубаи
- Филипче: Споменот на Гешовски потсетува колку скапо чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда
Веднаш ја соборил на тротоарот и се обидел да ја силува токму таму на сред улица, но за среќа нејзиниот плач го слушнал еден дуќанџија од единствената продавница која во тој момент била отворена во тој дел на главниот град на Грција.
Мажот викал и тоа го збунило напаѓачот, а преплашената девојка со ситна градба успеала да стане и да потрча кон продавачот, а силувачот побегнал.
– Би рекол дека е странец и дека има неполни 30 години – рекол човекот кој ја спасил девојката од канџите на „змејот од Егзархија“.
Силувачот во саботата прво нападнал 13-годишно девојче кое го фатил за рака, но таа почнала да вреска и се оттргнала од него.
Вчера, два дена подоцна, во полициската станица во Егзархија дошла 29-годишна девојка и рекла дека маж ја нападнал во таа населба, ја фрлил на тротоарот, и ја затворил устата и почнал да ја силува, но тој престанал кога дошле случајни минувачи и избегале.
Само десет минути подоцна, веројатно истиот напаѓач зграпчил 27-годишна минувачка, но таа се спротивставила и истрчала по улицата.
Се наведува дека грчката полиција се обидува да го лоцира и уапси „Змејот од Егзархија“, за кој се вели дека е со средна висина со руса коса и сини очи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



