Сирија и Иран во саботата го осудија одлуката на Вашингтон да достави дополнителна помош за сириските бунтовници против претседателот Башар ал-Асад.„Не разбирам како Соединетите држави можат да им даваат помош на групите коишто го убиваат сирискиот народ“, изјави во иранската престолнина Техеран, сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем, на заедничката прес-конференција со неговиот ирански колега Али Акбар Салехи.„Тоа не претставува ништо друго, освен применување на двоен аршин… Оној кој бара политичко решение не го казнува сирискиот народ“, додал министерот Муалем.Шефот на иранската дипломатија Селехи, пак, оценил дека ваквата одлука на Вашингтон само ќе доведе до продолжување на судирите во кој според процените на Обединетите нации во изминатите 24 месеци загинале најмалку 70 илјади луѓе. „Доколку навистина ви е жал поради сегашната ситуација во Сирија, би требало да ја принудите опозицијата да седне на преговарачката маса со сириската влада и да го прекине крвопролевањето“, додал Салехи.Претходно во четвртокот американски функционери најавија дека ќе издвојат нова хуманитарна помош во износ од 60 милиони американски долари, наменети за сириската, како што наведоа, политичка опозиција, што е првпат САД да признаваат дека даваат директна помош на вооружените сириски бунтовнички, којашто може да се состои од воена опрема којашто според американските власти самата по себе не е убиствена, туку повеќе служи за одбранбени цели.
МакфаксСирија и Иран во саботата го осудија одлуката на Вашингтон да достави дополнителна помош за сириските бунтовници