Големината на скандалот Онкологија за кој Обвинителството денеска почна истрага против 5 лица вработени на Клиниката е 30 милиони евра. На двајцата поранешни директори, медицинскиот Никола Васев и економскиот Нехат Нухи им се одземени пасошите и им е забрането да го напуштат живеалиштето како и да се појавуваат на Клиниката. Тројца лекари вработени на одделите за карцином на дојка и карцином на бели дробови се осомничени дека помагале во кривично дело измама во службата.
- Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжуваРичард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва ја прославија осмата годишнина од… Read more: Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжува
- Што се случува со вашето тело кога земате ашвагандаАшвагандата е билка која има многу намени во ајурведската медицина, врз основа… Read more: Што се случува со вашето тело кога земате ашваганда
- Зелен хуман град бара затворање на сите зоолошки во МакедонијаГраѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ остро реагираше по серијата инциденти на насилство… Read more: Зелен хуман град бара затворање на сите зоолошки во Македонија
- Најдеталниот хороскоп за мај 2026 година: Еве што ве очекува на полето на љубовта и финансиите, многумина го чекаа оваВашиот најточен месечен хороскоп за мај 2026 година е тука Вашиот најточен месечен… Read more: Најдеталниот хороскоп за мај 2026 година: Еве што ве очекува на полето на љубовта и финансиите, многумина го чекаа ова
- Пратеникот Цеков открива зошто го напуштил ЗНАМ: Ветивме и други работи во кампањатаПратеникот Миле Цеков, кој неодамна одлучи да ја напушти партијата ЗНАМ и… Read more: Пратеникот Цеков открива зошто го напуштил ЗНАМ: Ветивме и други работи во кампањата
Во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека осомничените директори на Клиниката со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики и со намера за друг да прибават противправна имотна корист го довеле во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата на пари за набавка на лекови кои ги трошеле и нарачувале спротивно на законските и подзаконските прописи, без формиран стручен колегиум и без соодветни медицински протоколи. Во ова со умисла биле помогнати од тројцата други осомничени доктори кои одредена терапија пропишувале вон препораките и свесно избегнувајќи ги параметрите кои ја опишуваат состојбата на пациентот во однос на болеста.
Основното јавно обвинителство Скопје ја продолжува истрагата во предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија и повторно апелира до сите пациенти да се јавуваат во Јавното обвинителство и да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци, бидејќи нивните сознанија ќе бидат исклучително важни и во натамошниот тек на постапката.
Пронајдете не на следниве мрежи:



