СКОПЈЕ: Мајка ги претепа своите деца | Ќе оди во притвор?

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

СКОПЈЕ: Мајка ги претепа своите деца | Ќе оди во притвор? | фото: архива ПУЛС24

Од Обвинителството информираат дека „осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди – хематоми. Во конкретниот случај постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да се даде во бегство доколку биде пуштена да се брани од слобода“.

Оттаму велат дека „со оглед на тоа што присуството на осомничената во оваа фаза oд кривичната постапка не може да се обезбеди со ниту една друга мерка за обезбедување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“.​

facebookShare on Faceboo

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.