Обвинителство, полиција, инспекторат. Ова се трите институции кои од се влезени на контрола во Клиничката болница-Битола, откако завчера почина петгодишно девојче. Потврда за ова даде и директорот Александар Обедниковски, кој ќе бара да се направат проверки и од Министерството за здравство преку посебна комисија. Директорот Обедниковски посочува дека не може да ги коментира обвинувањата дека на детето му била вбризгана глукоза иако шеќерот и бил покачен на 9, како што тврди семејството.
„Тоа не можам да го кажам тоа. Тоа го проверуваат. Дојдоа и од Обвинителство и полиција. Штом постапува Обвинителство – не можам да коментирам“, кажа тој.



