Изминатиов период главна тема во медиумите е скандалот во „Ѕвездите на Гранд“ откако еден од поранешните кандидати чиј ментор беше Снежана Ѓуришиќ ја обвини пејачката дека побарала мито од неговата мајка за тој да помине во следниот круг.
По ова сериозно обвинување, Снежана Ѓуришиќ поднесе кривична пријава за навреда од страна на Душан Вукадиновиќ, и неговата мајка Нада Вукадиновиќ затоа што ја обвинија дека од нив барала поткуп за да го пушти во следниот круг на натпреварот.
Наводно, Снежана преку својот адвокат во тужбата изјавила дека Душан и неговата мајка преку средства за јавно информирање, односно медиуми, и го нарушиле угледот затоа што кажувале невистини за неа, пишува српскиот Курир.
Во барањето за обештетување таа наводно изјавила дека бара двајцата да и платат вкупно милион и сто илјади динари, што е приближно 9.500 евра!
– Според Законот за кривична постапка, казната за навреда е од 40.000 до 100.000 динари, но доколку делото е сторено преку медиумите, тогаш казната е од 150.000 до 450.000 динари. Со оглед на тоа што во овој случај беше така, адвокатот на Снежана во тужбата побара Душан и неговата мајка да платат по 450.000 динари. Ова се максималните казни предвидени со закон. Судот може да го усвои овој предлог во целост или делумно, откако ќе ги разгледа сите околности и кога секој ќе даде изјава – истакна денеска добро упатен извор за споменатиот медиум.
Пејачката уште истиот ден го демантираше ваквото тврдење но аферата зема голем замав што се уште не стивнува.
– Душан Вукадиновиќ е кандидат кој ги исполни сите предуслови за влез во „Ѕвездите на Гранд“. Понатамошните предиспозиции му дадоа можност да избере ментор. Ја сакаше Цеца Ражнатовиќ, но таа го одби, па тој ме избра мене. Тој е многу талентиран, помина два круга, но кога дојде третиот круг не дојде подготвен – рече Ѓуришиќ и додаде:
– Тогаш му реков вака: „Ќе ги добиеш матриците од песните што сам си ги избрал и те молам, спреми се, утре ќе се натпреваруваш“. Не го направи тоа следниот ден на пробата. Го прашав која е причината. И рече: „Па, ми испратија ваква матрица“. Му реков дека не смее да го каже тоа, бидејќи не е така. Со други зборови, тој се обиде да саботира. Затоа има проби, за пејачот да каже: „Не се слушам додека пеам“ истакна Снежана.
Сите колеги од жирито застанаа во одбрана на Снежана по овој скандал кој го потресе целото раководство на Гранд.
По ова се огласи и Саша Поповиќ кој истакна дека ова обвинување нема да му наштети на Гранд.
– Дамка нема да остане во Ѕвездите на Гранд, бидејќи тоа апсолутно не е точно. Да не беше смешно ќе беше тажно. Снежана Ѓуришиќ е 10 години во жирито на „Ѕвездите на Гранд“. Да ја обвини некој дека бара пари за момче да помине е таква глупост. Снежана ми се јави веднаш по првиот текст, моментално е во Италија и ќе дојде во сабота. Ме праша дали е можно такви луѓе да измислуваат такви работи. Ова е прв пат по 20 години некој да каже дека член на жирито бара пари за да продолжи понатаму – рече Поповиќ и додаде:
-Тоа момче беше на аудиција во Подгорица и го пуштив на самото натпреварување бидејќи мислев дека е добар. Иако баш сега го гледав тоа видео од аудицијата во Подгорица каде постојано му се заглавуваше нешто во грло додека пееше. Тогаш го прашав што не е во ред со твојот глас, Душан. Ми кажа дека бил болен пред три дена и му кажав дека е добар и дека оди понатаму. Дојде првиот круг и доби пет гласа, ја избра Цеца. Цеца се откажа од него и рече дека го поддржува, но дека некој друг подобро ќе го подготви. Ја избра Снежана, која со задоволство го прифати Душан – истакна Поповиќ.