ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
500 гр. кикирики (300 гр. мелени и 200 гр. толчени)
200 гр. мед
250 гр. маргарин
300 гр. мелени бисквити
200 гр. чоколада за готвење
250 гр. шеќер во прав
2 јајца
200 гр. толчени печени лешници
ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
Со миксер пенасто се мати маргаринот со шеќерот во прав. Во изматениот маргарин се додаваат јајцата, мелените бисквити, мелените кикирики и половина од толчените кикирики. Се мати со миксер додека смесата не се соедини.
Готовата смеса се става во правоаголен сад обложен со најлонска фолија и добро се распоредува со раце. Врз неа се распоредуваат преостанатите толчени кикирики и убаво се притискаат во смесата. На крајот целата површина се премачкува со мед.
Се остава да се излади. Изладената сникерс смеса се вади од калапот и се сече на правоаголни штангли во форма на сникерс чоколадо. Секоја штангла се прелева со топено чоколадо и се попрскува со толчени лешници.