Сонечево и топло со температури над 35 степени

Loading...

Во Македонија денес не очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови на земјата ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи помеѓу 10 и 18, а максималната од 28 до 36 степени Целзиусови.
И во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 15 до 33 степени.
Наредните денови под влијание на топла воздушна маса следува период на значително потопло време. Во попладневните часови локално ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, понекаде и појава на град, а понестабилно ќе биде од понеделник.

loading...