Софтверска грешка причина за дупликат влезниците за мечот Македонија-Белгија

Дуплите влезници што се појавија за квалификацискиот фудбалски меч Македонија-Белгија не биле фалсификат, туку станува збор за софтверска грешка при печатењето.

Ова во понеделник го соопшти МКтикетс како официјален сервис и дистрибутер на влезниците за сите натпревари во организација на Фудбалската Федерација на Македонија(ФФМ).
Од таму ја преземаат одговорноста за несаканата ситуација и информираат дека софтверската грешка е отстранета и во иднина се гарантира беспрекорна дистрибуција на билетите за следните натпревари.
Макфакс
Дуплите влезници што се појавија за квалификацискиот фудбалски меч Македонија-Белгија не биле

Пронајдете не на следниве мрежи: