Потребно е:
500 гр кора за пита
400 гр бело сирење
180 гр кисела павлака
100 гр кулен
2 јајца
200 мл јогурт
50 мл масло
2 лажици гриз
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад измешајте ги јајцата, маслото, јогуртот и гризот. Куленот ситно исечкајте го. Комбинирајте сирење и павлака. Корите поделете ги на три дела, по четири кори во секој дел. Првите три кори премачкајте ги со мешавина од гриз, јогурт и јајца, па ставете ги една врз друга. Додадете ја четвртата кора, прелијте ја со четвртина фил од сирењето и павлаката и по едниот раб наросете околу 25 гр сечкан кулен. Завртете го во форма на ролат, па повторете ја постапката. На ролатите премачкајте го остатокот од филот со јајца и гриз. Ролатите префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Се пече половина час, во рерна загреана на 200 степени. Изладените ролати исечкајте ги на кришки. Пријатно!