,,Со болка во душата и грутка во грлото” Ди Марија објави вест која ќе ги растажи Аргентинците: Се збогувам со најубавото

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија ќе ја напушти репрезентацијата по Копа Америка во 2024 година, соопшти денеска тој.

„ Со болка во душата и грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата “, напиша Ди Марија на Инстаграм.

Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз …
Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во …
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица …
Грција потпиша договор за набавка на 20 американски борбени авиони Ф-35
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера да набави 20 авиони на „Локхид Мартин Ф-35 Лајнинг II“ со потпишување понуда и прифаќање преку …

Копа Америка во која Аргентина ќе ја брани титулата ќе се игра од 20 јуни до 14 јули 2024 година.

„ Тоа ќе биде последен пат да го носам дресот на Аргентина “, додаде 35-годишниот играч на Бенфика од Лисабон.

Ди Марија играше и за Росарио, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Париз Сент Жермен и Јувентус.

Во националниот дрес одигра 134 натпревари и постигна 29 голови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.