Официјален Вашингтон е загрижен за српските тенкови и артилерија распоредени во последниве денови на границата со Косово.
„Набљудуваме големо српско воено распоредување долж границата со Косово*, кое вклучува невидено поставување напредна српска артилерија, тенкови, механизирани пешадиски единици. Веруваме дека ова е многу дестабилизирачки развој“, изјавил портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, пренесуваат повеќе медиуми.
Претседателот на Србија вчера имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Во разговорот Вучиќ негирал дека српските сили се на највисока борбена готовност.
Забрана за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци!
Согласно информацијата на АМСМ до ЦУК, забрани за движење на тешки товарни …
Денеска се празнува преподобниот Гаврил Светогорец, епископ Велички
Родум од Штип. Вo 1963 година замина на Света Гора. Беше замонашен …