Српската влада го прифати договорот од Брисел

Српската влада во понеделникот на вонредна седница го прифати договорот за принципите кои ја регулираат нормализацијата на односите со Приштина, постигнат минатата седмица во Брисел под покровителство на Европската унија, а премиерот Ивица Дачиќ за владината одлука веќе ја известил високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.

 Српската влада им наложи на министерствата, на специјалните институции и служби на владата да ги преземат потребните мерки и активности поради примената на договорот, како и да ја продолжат примената на веќе постигнатите договори и спогодбите со претставниците на привремените институции на самоуправа на Косово, се наведува во соопштението на владата што го објавија белградските медиуми.
Согласноста на владата на парафираниот текстот од договорот е првиот чекор, а следниот е седницата на парламентот. Пратениците во Скупштината на Србија би требало во среда или најдоцна во четврток да го разгледаат и ратификуваат договорот од Брисел, но не се очекува едногласна одлука.
Договорот во неделата го поддржаа сите партии од владејачката коалиција, Српската напредна партија (СНС) на вицепремиерот Александар Вучиќ, Социјалистичката партијана Србија (СПС) на премиерот Ивица Дачиќ и Обединетите региони на Србија (УРС) на Млаѓан Динкиќ, а од парламентарните партии најостро се спротиставија Демократската партија на Србија (ДСС) на поранешниот премиер Воислав Конштуница,, кој е еден од најголемите евроскептици на политичката сцена во Србија.
Премиерот Дачиќ нагласи дека владата ќе прва којашто ќе донесе одлука договорот, бидејќи таа ја води надворешната и внатрешната политика на земјата.
„Доколку владата го прифати договорот, очекувам Србија да добие датум за преговори за членство во Европската унија, рече во неделата навечер премиерот Дачиќ, а исти очекувања има и вицепремиерот Вучиќ кој синоќа во интервју за Радиотелевизија Србија (РТС) рече дека „Би претставувало катастрофа за ЕУ доколку Србија не добие датум (за отпочнување преговори за членство – з.р.). Очекувам дека Србија ќе добие датум, но нем мислам дека во добивањето на датумот е решението на нашите проблеми”.
И двајцата повторија дека договорот од Брисел не признава никаква независност на Косово, како и дека во моменталните околности тоа е најмногу што може да се стори.
Вонредната седница на српската влада во понеделникот не беше отворена за јавноста, ниту е предвидена прес-конференција, а владината одлука ја соопшти канцеларијата за односи со медиумите.
Србите од северот Косово најавија за понеделник дека ќе организираат протестен собир како ткн „сесрпски сабор” против договорот од Брисел, на кој се очекува дека ќе бидат отфрлени сите 15 точки од договорот. Са вторник, пак, е најавено формирање на скупштина (парламент) на Србите од северно Косово.
Макфакс
Српската влада во понеделникот на вонредна седница го прифати договорот за принципите кои ја регулираат нормализацијат

Пронајдете не на следниве мрежи: