Скупштината (парламентот) на Србија со мнозинство гласови во петокот доцна ноќта го усвои извештајот на владата за преговорите меѓу Белград и Приштина чиј интегрален дел и договор за нормализацијата на билатералните односи беше потпишан минатиот петок 19-ти април под покровителство на Европската унија во Брисел.За договорот гласаа 173 пратеници од владејачкото мнозинство, од Српската напредна партија (СНС), Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Обединетите региони на Србија (УРС), како и опозициските Демократска партија (ДС), Либерлано-демократската партија (ЛДП), Сојузот на војводинските Унгарци, Лигата на социјалдемократите на Војводина, како и коалицијата Српско движење на обновата и Демохристијанската партија на Србија.Договорот од Брисел не ја доби поддршката на 24-те пратеници од Демократската партија на Србија, неколку поединечни пратеници од Косово, еден пратеник бил воздржан а пет не гласале.Владиниот извештај го содржи и договорот од 15 точки кој во Брисел под покровителство на високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, го потпишаа премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ, односно Хашим Тачи.Седницата на српскиот парламент започна во петокот претпладне, а пред започнувањето на расправата пред зградата на Домот на народната скупштина во центарот на српската престолнина Белград беше одржан протест на десничарски и националистички движења, организации и здруженија.На договорот се спротиставуваат и Србите од северот на Косово кои одбиваат да го спроведат зашто според нив новата заедница на српски општини не е во рамките на законодавно-правниот систем на Србија, туку ќе влезе во косовскиот систем и бараат референдум.Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Штефан Фуле, кој во петокот престојуваше во Белград, по повод можноста да биде распишан референдум изјави дека за ЕУ е клучно српските власти да обезбедат во спроведувањето ан договорот да учествуваат сите коишто се опфатени со таа спогодба, како дека начинот како тоа ќе го сторат не зависи од Брисел, туку од Белград.
МакфаксСкупштината (парламентот) на Србија со мнозинство гласови во петокот доцна ноќта го усвои извештајот на владата