АУТ!!! СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПОТВРДИ – нема да се кандидира за втор мандат

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денес како „бомба“ изјави дека нема намера да се кандидира за втор претседателски мандат.

Тој негативно одговори на новинарско прашање, без да даде дополнително образложение или причини зошто не сака да се вклучи во трката за претседател на државата.

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица се тешко повредени. Загинатите се двајца …
Грција потпиша договор за набавка на 20 американски борбени авиони Ф-35
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера да набави 20 авиони на „Локхид Мартин Ф-35 Лајнинг II“ со потпишување понуда и прифаќање преку воена продажба на странска влада на …

Стево Пендаровски присуствуваше на „Отворениот форум за антикорупција“ што се одржува денеска во Скопје каде посочи дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.

Инаку во понеделникот на лидерската средба во Собранието беше постигнат договор за претстојните избори следната година. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24. април, а вториот на 8. мај заедно со редовните парламентарни избори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.