Додека пропагандните портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ шират нарачани анкети и „предвремени победи“, вистинските бројки и расположението на граѓаните покажуваат нешто сосема друго – во Карпош убедливо води актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кој ја најави победата уште во првиот круг.
Резултати, не ветувања
Јакимовски, зад кого стојат реални дела, не виртуелни анкети, потсетува дека Карпош во последните години е препознатлив по десетици реконструирани улици, нови паркови, енергетски фасади, нови детски игралишта и инфраструктурен развој што ретко кој може да го спори.
„Ние не зборуваме за анкети и празни проценти. Ние зборуваме за проекти што се гледаат, се чувствуваат и се живеат“, порача Јакимовски.
Карпошани веќе одлучиле
Извори блиски до кампањата на ГРОМ велат дека теренските анализи и директниот контакт со граѓаните јасно покажуваат дека Карпошани не сакаат експерименти, туку сигурност, искуство и работа.
„Луѓето го гледаат она што е направено – не им треба анкета за да знаат кој го движи Карпош напред“, велат од тимот на Јакимовски.
Манипулации и нервоза кај опозицијата
Од ГРОМ тврдат дека медиумските извештаи кои го фаворизираат противкандидатот се дел од контролирана медиумска кампања со цел создавање лажен впечаток на предност, но дека граѓаните не подлегнуваат на такви игри.
„Нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ е очигледна. Сфаќаат дека нема да можат да победат со лажни наративи. Карпошани си имаат свој градоначалник и знаат што избираат“, порача Јакимовски.
„Ќе биде јасно уште во првиот круг“
Во завршницата на својата изјава, Јакимовски уверува дека победата во првиот круг е извесна:
„Ова не е избор меѓу политички партии, туку меѓу работа и зборови. Карпош ќе победи уште во првиот круг, затоа што луѓето гледаат кој стои зад нив секој ден, а не само во време на кампања.“



