Министерството за здравство на палестинските власти соопшти дека бројот на загинати Палестинци од почетокот на конфликтот со Израел денеска се искачи на 788, додека околу 4.100 луѓе се ранети. Во соопштението се прецизира дека во израелските напади врз Појасот Газа загинале 770 луѓе, а повеќе од 4.000 се ранети.

Мнозинството, како што велат, се деца и жени, а се очекува бројот на загинати и ранети да расте, пренесува палестинската агенција ВАФА.
- Општина Карпош побарала Лукровски да се избрише од Централен регистар, а да се запише Крстевски, тврди Јакимовски
- Дуа Липа го тужи „Самсунг“ за 15 милиони долари затоа што го користел нејзиниот лик на телевизор
- Амал Клуни во изглед во кој ретко ја гледаме: Ги покажа нозете со минијатурно здолниште, го искомбинираше со чизми (фото)
- Мажите особено ги ценат овие постапки на своите партнерки во бракот
- Филипче: Македонскиот идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот, туку криминалот и корупцијата
Министерството наведува дека во нападите на израелската армија на Западниот Брег загинале 18 лица, меѓу кои и три малолетни лица, а околу 100 се повредени.
Судирите започнаа во саботата наутро кога палестинското милитантно движење Хамас изврши воздушен, морски и копнен напад врз Израел, кој жестоко возврати.
Пронајдете не на следниве мрежи:


