Израелската армија (ИДФ) објави дека пронашла објект под џамијата во населбата Зејтун во градот Газа, што палестинската милитантна група Хамас, ја користи за производство на ракети.
„Џамијата, во областа Зејтун, се користеше како лабораторија за правење оружје“, изјави портпаролот на ИД, Даниел Хагари на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.
- Одмаздата на Путин пристигна: Најмасовниот напад врз Украина се заканува да ја уништи најважната инфраструктура
- (Цел список на трошаџиите) А да го финансираме Верстапен? 21,3 МИЛИОНИ за патни трошоци и кирии за пратениците – На Марс ли одите луѓе?!
- Чудото на архитектурата го импресионира светот веќе 24 години: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја (видео)
- Хорор вести од Лос Анџелес: Сите се во состојба на готовност, има нова закана
- Сите експресни патишта – проекти на Груевски? Поранешниот премиер со нова објава на Фејсбук
Тој додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки.
Но, според неговите зборови, кога влегле во зградата нашле тунелско окно и скалила.
„Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам“, рече Хагари, пренесе Танјуг.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.