12.000 градежни работници заминале од земјава за една година

Лани околу 12.000 градежни работници заминале од земјава.

Синдикатот за градежништво и индустрија предупредува дека само минатата година од Македонија во странство си заминале околу 12.000 работници. Ова е загрижувачки податок, иако токму лани беше постигнат успех со потпишувањето на колективниот договор за вработените во јавниот сектор, тврдат од градежниот синдикат.Само лани трудовиот инспекторат регистрирал 16 смртни случаи како последица на несоодветно обезбедени услови при изградбата и 2005 повредени работници.

Претседателот на Синдикатот за градежништво и индустрија, Иван Пешевски вели дека градежниот сектор има најлоши надворешни влијанија и такви услови за работа кои не се почитуваат соодветно со лична заштитна опрема. Македонија со години се соочува со одлив на кадри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.