Судење на УЧК: Дали Хашим Тачи ќе биде одговорен за случајот жолтата куќа!?

Loading...

Судење на УЧК: Дали Хашим Тачи ќе биде одговорен за случајот жолтата куќа!?

Случајот „жолта куќа“ најверојатно нема да биде во обвинението против Тачи, но ќе преовладуваат злосторствата врз Албанците пред војната, бидејќи во позадината на приказната на обвинението е американската политика која на овој начин се обидува да го дисциплинира водачот на косовските Албанци.

Адвокатот Тома Фила вели дека не би бил изненаден ако Тачи биде обвинет повеќе за убиство на Албанци отколку за Србите.

Харадинај, исто така, уби повеќе свои Албанци отколку Срби. Тие прво ги убија своите, чистењето беше направено на сите кои соработуваа со Србите, кои беа во власта, а кои не сакаа да плаќаат. Ова не е ништо ново. Тие убиваа претежно Албанци, па Срби, па Роми, вели Фила.

Фила исто така смета дека случајот „жолта куќа“ нема да се најде во обвинението против Тачи.  Тој верува дека политиката стои зад целата приказна, дека Америка на овој начин се обидува да го дисциплинира лидерот на косовските Албанци, кој, како што рече, веќе не ја слуша доволно.

Адвокатот Бранислав Тапушковиќ смета дека Тачи најверојатно ќе биде обвинет за најтешки воени злосторства, од тортура до стотина убиства.  Тој смета дека случајот може да има посебна тежина ако, покрај злосторствата врз Албанците и Србите, обвинението содржи обвиненија за прогон.

Веројатно малкумина Срби ќе бидат вклучени во обвинението, иако ништо не се знае дефинитивно за содржината на обвинението. Тие сè уште не кажаа ништо за клучни работи, но споменаа прогон. И тоа е можеби најинтересното, најголемиот прогон кој се случи по орерацијата Олуја во Хрватска, беше протерувањето на повеќе од 200.000 Срби од Косово по влегувањето на меѓународните сили.

Претседателот на Комитетот за Косово и Метохија во српскиот парламент, Милован Дрецун, не ја исклучува можноста злосторствата врз Албанците да бидат главна точка во обвинението, што сè уште никој не го видел, бидејќи според неговите сознанија, Судот ги заврши истрагите за убиствата на ОВК, но дали го заврши случајот кога станува збор за српските жртви, тој се уште не знае.

Злочините се познати подолго време, а во своето соопштение, Специјалното обвинителство, всушност, конечно откри кој е на листата на обвинените.

Откривањето на специфични имиња Дрецун го гледа како обид на Обвинителството да спречи политизација на она што го прави, затоа што Тачи и Весели, како што рече, очигледно имале намера политички да се пазарат за да престанат да ги гонат одговорните за злосторствата, со цел да продолжат разговорите меѓу Белград и Приштина.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...