Супа од компир со сланина на која нема да можете да ѝ одолеете

Loading...

Еден од триковите за совршена супа е да додадете кора од пармезан или некое друго квалитетно сирење. Густа супа е идеален спас за вишокот печен компир, а со „мала помош“ на сланина и павлака, можете да подготвите оброк на кој нема да можете да му одолеете.
Состојки:
3 големи печени компири
40g путер
1 кромид
1 павлака
1,5l вода
сланина според ваша желба
сол, бибер, вегета (по вкус)


Подготовка:
Исечете го кромидот и испржете го во путер околу 10 минути или додека не омекне. Исечете ги компирите на парчиња и додадете ги во кромидот и гответе ги околу 5 минути. (Ако сакате, можете да додадете и кора од сирење)
Додадете 1,25l вода и вегета и варете половина час. Мешајте додека супата не биде мазна и кремаста. Додадете сол и бибер. Ако ви е премногу густа смесата, додадете повеќе вода.
Послужете ја супата со павлака и пржени коцки од сланина.
Добар апетит!

loading...