Драматична порака од Бенјамин Нетанјаху: Европа е следната ако не го уништиме Хамас

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, предупреди на заканата од исламистите во Европа, велејќи дека континентот ќе биде следната мета откако палестинската милитантна група Хамас започна напад врз Израел на 7. октомври.

„Вие сте следните, сфатете го тоа. Германија, Европа. Хамас е дел од терористичката оска на Иран, Хезболах, Хути и други. И нивната цел е да го водат прво Блискиот Исток, а потоа и целиот свет во ерата на варварството, мрачниот век на средниот век. Тоа е она што тие го сакаат. И ако луѓето сè уште не го сфатиле тоа, треба. Нема да исчезнат доколку не ги победиме“, изјави Бенјамин Нетанјаху во интервју за германскиот весник Bild.

Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените физички ги нападнале Л.Т. …
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица се тешко повредени. Загинатите се двајца мажи, бебе и девојче …

Тој додаде дека има моменти во историјата на цивилизацијата „кога цивилизираните луѓе треба да заземат став“.

„Исто како што се случи против нацистичкиот режим, против ИСИС и против Ал Каеда. Тоа мора да се направи и против Хамас и терористичката оска предводена од Иран. Ако паднеше Блискиот Исток, Европа ќе беше следната, вие ќе бевте следниот. Во моментов сме на првата линија на нашата заедничка цивилизациска војна против варварите“, тврди премиерот на Израел.

Според него, Израел нема друг избор освен да го уништи Хамас.

„Ако сакате мир, уништете го Хамас. Ако сакате безбедност, уништете го Хамас. Ако сакате поинаква иднина за Израелците, Арапите, Палестинците и сите останати, уништете го Хамас“, заклучува Бенјамин Нетанјаху.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.