ГАРДИЈАН ОБЈАВИ Проценката на француското воено разузнавање покажува дека најверојатната причина за смртоносната експлозија во болницата Ал Ахли во градот Газа била палестинска ракета со експлозивно полнење од околу пет килограми, која најверојатно била погрешно испукана.
Британски Гардијан пренесува дека тоа го изјавил неименуван висок француски воен функционер.

АП пренесува дека официјалниот претставник рекол дека неколку ракети во арсеналот на палестинската екстремистичка организација Хамас носат експлозивни полнења со приближно толку тежина, вклучително и ракета од Иран и друга ракета од палестина.
- Доаѓа пеколното лето: 3 знаци нема да знаат што ги снашло
- 11 години од „Диво насеље“
- Дали постојано кивате и имате затнат нос? Еве како природно да ги победите алергиите
- Фицо грмеше од Москва! Брисел се тресе од пораката на словачкиот премиер
- Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира насилството врз жените
- СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа
- Пријава во Скопје: Малолетничка нападната од мајката, таткото добил закани
- Зеленски потврди дека е постигнат договор со Русија за тридневно примирје
- ВРЕДИ утре на Конгрес за обединување во еден политички субјект
– Никој од француската воена разузнавачка служба не го впери прстот кон Израел како извршител на нападот – изјави функционер од Париз.
Се вели дека извештајот доаѓа откако канадското Министерство за одбрана соопшти дека Израел не стои зад експлозијата во болница во градот Газа во вторникот вечерта.
Хамас го обвини израелскиот воздушен напад за смртта на стотици луѓе во експлозијата, додека израелската војска ја обвини за масакрот погрешно испукана ракета од страна на палестинската екстремистичка организација Исламски џихад, која ја негираше одговорноста.
Гардијан наведува дека францускиот функционер инсистирал на анонимност, но рекол дека добил дозвола од претседателот Емануел Макрон да ги направи транспарентни наодите на француското разузнавање.
- Проценката е направена врз основа на доверливи податоци, сателитски снимки, разузнавачки информации разменети со други земји и јавно достапни податоци – рече тој функционер.



