Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека на средбата со неговиот украински колега Денис Шмигал, закажана за 24 јануари во Ужгород, ќе соопшти дека неговата земја ќе го блокира членството на Киев во НАТО, бидејќи тоа би предизвикало трета светска војна.
„Знам со што одам (на средбата со украинскиот премиер), одам со хуманитарна помош, како и со потврда дека нема да добијат оружје од словачката армија и од државните магацини. Ќе кажам дека има работи за кои нашите ставови се сосема различни“, нагласи премиерот на Словачка.
- Русија се закани со голем напад врз Украина: „Цивили и странски дипломати, напуштете го Киев“Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи дводневен прекин на огнот со… Read more: Русија се закани со голем напад врз Украина: „Цивили и странски дипломати, напуштете го Киев“
- Министерство за правда: Постапката за Груевски се води институционално, без влијанија од политички изјавиСе преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино… Read more: Министерство за правда: Постапката за Груевски се води институционално, без влијанија од политички изјави
- Тамара се согласила да биде втора сопруга на еден Арап, му родила деца и преминала во ислам: Кога ја видела неговата прва сопруга…Тамара нагласува дека отсекогаш била толерантна кон полигамијата, можеби под влијание… Read more: Тамара се согласила да биде втора сопруга на еден Арап, му родила деца и преминала во ислам: Кога ја видела неговата прва сопруга…
- Воен транспорт: Германија инвестира 1,35 милијарди евра во модернизација на фериботи за воена употребаГерманија ја започна модернизацијата на најголемиот европски автопристаниште во Бремерхавен за… Read more: Воен транспорт: Германија инвестира 1,35 милијарди евра во модернизација на фериботи за воена употреба
- Зеленски: Одлуката за воена парада без оружје во Москва – покажува дека Русија се плаши од украинските дроновиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одлуката на Русија да не… Read more: Зеленски: Одлуката за воена парада без оружје во Москва – покажува дека Русија се плаши од украинските дронови
Кога станува збор за аспирацијата на Украина за влез во Европската унија, Фицо рече дека „ние го почитуваме тоа, но тие мора да ги исполнат условите“.
„Ќе кажам дека сум против членството на Украина во НАТО, дека ќе го искористам правото на вето и ќе го блокирам, бидејќи тоа би била основата на Третата светска војна“, додаде тој.
Според него, средбата закажана за 24 јануари во Ужхород ќе биде „интересна“, а додаде дека украинската страна не сака да одржи прес-конференција за нејзините резултати.
Словачката влада претходно одлучи да се фокусира на хуманитарната помош и да престане да испраќа оружје во Украина.
Владата на чело со Роберт Фиц не го одобри предлогот на претходната влада за испраќање нов пакет воена помош за Украина во вредност од 40,3 милиони евра.
Тој пакет воена помош требаше да биде 14-ти од Словачка, а од почетокот на конфликтот таа земја испратила оружје, муниција и опрема во Киев во вредност од 671 милион евра.
Пронајдете не на следниве мрежи:



