Ноќеска во викендичка во Делчево бил пронајден мртов Александар Захариев, 23-годишниот син на екс-градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата. Веста неофицијално ја потврдија од МВР.
И од Јавното обвинителство Делчево го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење, а на телото нема траги на насилство.
Телото на трагично починатото момче е предадено на обдукција.