Три грешки поради која рибата ви се суши при печење

Не заборавајте на третиот чекор, тоа ќе ја направи рибата многу посочна! Лекарите советуваат дека треба да јадеме риба двапати неделно.

Полна е со омега-3 масни киселини и е исклучително здрава, па затоа треба да ја вклучиме во нашето редовно мени. Секако, за време на постот почесто се наоѓа на многу трпези, купена зготвена или подготвена дома.
Меѓутоа, оние кои немаат големо искуство во кујната, често имаат проблем со подготовката на рибата, бидејќи се случува да биде сува по печењето во рерна.
Постојат три причини зошто тоа се случува, а ова е најдобриот начин да ги избегнете.

Несодветна температура
Рибата секогаш печете ја во претходно загреана рерна, бидејќи ако и рибата и рерната се загреат истовремено, сите сокови ќе бидат во тавата и ќе треба подолго да ја печете.

Претерувате со печење
Не претерувајте со печење на рибата. За подготовка се доволни 20-30 минути печење и тоа за количина од 1-2 кг. И како ќе знаете дека е готова? Проверете дали месото лесно се одвојува од коската, ако е така – можете да ја послужите.

Не ставате ништо внатре
Треба да ја наполните рибата со кромид, свежи билки, путер, зеленчук и лимон. Овие намирници ќе го подобрат нејзиниот вкус, но и ќе ја направат посочна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.