Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати за нови абасадори во вторник ќе ги претстават платформи за дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите.
- Руски спортист убиен со ловџиска пушка, нападот бил планиран и извршен од заседа
- Невролог открил кои дневни навики го зголемуваат ризикот од мозочен удар
- Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, но нема да правиме компромис со нашиот идентитет
- Консумирањето повеќе од овие хранливи материи може да го намали ризикот од мозочен удар
- Рама: Албанија е поблиску од кога било до европското семејство
- Кошта со порака до македонските граѓани: Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ веќе многу години – време е да се направи чекор напред
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја „заведува“ Бугарија со уставни измени, СДСМ донесе штетни договори во земјата
- Колку зема државата од платата? Разликите во Европа се огромни
- Протеkoa документи од Кремљ; Ова е сценариото на Путин за Украина
Пред пратениците ќе ги бранат тезите поранешниот министер за правда Никола Тупанчески кој треба да го пополни амбасадорското столче во Белград, Србија. Нов амбасадор во Израел ќе биде Шпенд Садики од МНР, а во Полска заминува Јасмин Ќахил исто така од МНР.
Писателот и драматург Сашко Насев ќе биде новиот амбасадор во Кина, а поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски заминува за Букурешт.
Нов амбасадор во Берлин ќе биде Илбер Села актуелен директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, додека во Бразил ќе замине Игор Попов од МНР.
Пронајдете не на следниве мрежи:



