Американската полиција уапси жена од Мисури која уби двајца мажи откако и го украдоа автомобилот, објави Фокс њуз.
Демеша Колман (35) е обвинета за двојно убиство, а обвинета е за убиствата на Дариус Џексон (19) и Џозеф Фарар (49), кои ги ликвидирала на бензинска пумпа.
Полицијата го пронашла Фарар во близина на бензинската пумпа со рана во градниот кош, додека Џексон, кој лежел до автомобилот, исто така бил застрелан во торзото.
Трет човек бил застрелан во главата за време на пукањето, но преживеал, според Сент Луис Пост-Диспеч.
Се додава дека не се знае кој од тројцата го украл автомобилот и дали воопшто го украл.
По прегледувањето на видеото, полицијата соопшти дека Колман се приближила до бензинската пумпа, придружувана од маж кој носел оружје.
Потоа ја отворила вратата и почнала да пука од пиштолот.
Колман им кажала на детективите дека отишла на бензинската пумпа за да си го врати украдениот автомобил и дека немала претходно криминално досие.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.