УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите и нејзиниот сопруг, во друго пукање ранет сенатор

Минесота е во шок откако државната претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, Марк, беа убиени рано наутро во саботата, во она што гувернерот Тим ​​Волц го нарече „политички мотивиран атентат“.

Државниот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга исто така биле цел на напаѓачите и биле погодени неколку пати. И двајцата преживеале и се оперирани, потврди гувернерот Волц, објави „CNN“.

„Хофманови моментално се надвор од операционата сала и се под лекарска нега. Претпазливо сме оптимисти дека ќе го преживеат овој обид за атентат“, рече гувернерот на прес-конференцијата.

Нападот ја шокираше целата држава, особено затоа што двата пара се членови на Демократската, земјоделско-лабористичката партија на Минесота, која е поврзана со националната Демократска партија. Напаѓачот наводно користел полициска униформа и лажна значка за да влезе во нивните домови.

Напаѓачот е сè уште во бегство, а властите потврдија дека е во тек обемна потера. На вонредна прес-конференција, началникот на полицијата во Бруклин Парк, Марк Брули, изјави: „Ова е голема потера. Приведовме неколку лица и ги испрашавме, но во моментов никој не е уапсен.“

Пронајдете не на следниве мрежи: