Урнебесна прва средба на мачка со лента за трчање

Снимката споделена на TikTok ја прикажува урнебесната прва средба на мачка со лента за трчање и нејзиниот обид да оди.

Едногодишна мачка од Арканзас во САД насмеа многу корисници на социјалните мрежи поради нејзиниот невешт обид да оди на лента за трчање.

Имено, мачката за прв пат се сретнала со концептот на лента за трчање, а резултатот од оваа средба е комично видео од животното како се обидува да разбере како функционира.
„Едногодишната мачка од Арканзас допрва треба да сфати како работи лентата за трчање“, стои во описот на видеото.

Се гледа како мачката се качува и оди по лентата, а откако седнува и лентата ја враќа на подот, збунето го погледнува својот сопственик. Истото го повторуваше неколку пати и секој пат завршуваше на подот со сѐ уште збунет поглед.
„Мачка логика – ако легнам тука тогаш мора да престане“, „Колку подолго гледаш станува сѐ посмешно“, „И јас го имам истиот проблем“, се само дел од реакциите на видеото.

@abc7la

A one-year-old cat in Arkansas is yet to fully grasp how a treadmill works. 🤣🐈 #abc7la #abc7eyewitness #news #animalsoftiktok #animals #catsoftiktok #cats #treadmill #arkansas

♬ original sound – ABC7LA
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.