Експертите генерално нагласуваат дека утрата се најдобро време кога можете да направите нешто корисно за вашето тело.
Затоа, на пример, нутриционистите истакнуваат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а фитнес инструкторите истакнуваат дека на телото му треба утринско вежбање или истегнување.
Вежбите за истегнување се одличен начин да го започнете денот и да го наполните телото со силата што ќе ви треба. Ова ќе го намали и акумулираниот стрес и напнатост од претходниот ден или болката од непријатна положба за време на спиењето.
Обидете се со следните едноставни вежби кои сигурно ќе влезат во вашата рутина по првиот пат.
- Турско седење и истегнување на кичмата
Поздравете го утрото кревајќи ги рацете од турско седење со прекрстени нозе, над главата кон таванот. На овој начин телото се буди и ја подобрува циркулацијата. Преплетете ги прстите и свртете ги дланките кон таванот. Извлечете го ‘рбетот и почувствувајте го истегнувањето помеѓу ребрата и рацете.
Останете во оваа положба додека не изброите до 10, а потоа движете ги двете раце истовремено налево, а потоа надесно за да го истегнете целото торзо.
2.Истегнување на вратот и рамената
Наметнатата напнатост при спиење ќе ја решите со помош на оваа вежба. За да ги истегнете мускулите на десната страна на вратот, спуштете го левото уво на левото рамо и останете во таа положба 20 секунди. Повторете го истото и од другата страна. Опуштете се, а потоа движете ги рамената напред-назад со кружни движења. Подигнете ги кон вашите уши, затегнувајќи ги мускулите, а потоа целосно опуштете ги. Повторете ја вежбата за рамото најмалку три пати.
3.Рамо – карлица
Легнете на десната страна, префрлете ја левата нога преку завиткано ќебе или подлога за плажа. Истегнете ги прстите како балерина и завртете го рамениот појас во спротивна насока од карлицата. Додека вашата десна рака е на подот, раширете ја левата рака подалеку од телото и оставете ја слободно да „виси“ во просторот до вашето тело.
Нежно турнете го левото рамо кон земјата додека ја туркате карлицата во спротивна насока. Држете во целосно издолжена положба пет до 10 секунди. Потоа направете го тоа на ист начин лежејќи на другата страна.