По секс скандалот во основното училиште „Вук Караџиќ“ во Сурдулица, проговори Драгана Нешиќ, директорката на ова училиште.
- Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска
- Рекорден „Генералка викенд“ — десетици илјади волонтери ќе чистат на 500 локации во државата
- Возач на камион од Македонија удрил во ограда на автопат и изгорел во кабината
- Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжува
- Што се случува со вашето тело кога земате ашваганда
Да потсетиме, според неофицијални информации, српската полицијата денес била во ова училиште, а децата меѓу себе ја споделувале експлицитната снимка од орален секс на ученици од шесто одделение, за која постои сомневање дека е направена во една од училниците на училиштето.
„Училиштето ги презема сите мерки согласно ЗОСОВ и Правилникот за протокол на однесување во установата како одговор на насилство, злоупотреба и запоставување. Заради понатамошна истрага нема да даваме повеќе информации“, изјавила Драгана Нешиќ, директорката на основното училиште „Вук Караџиќ“.
Како што неофицијално објавија соседните медиуми, инцидентот бил пријавен во полиција во Сурдулица, а на снимката наводно имало две момчиња и едно девојче сите на 14-годишна возраст.
„Полицијата ги презема сите мерки во нејзина надлежност и во консултација со Вишото јавно обвинителство во Врање“, изјавил извор од полицијата за српските медиуми.
Пронајдете не на следниве мрежи:



