Уште еден страшен ден во Бразил: 32.058 заразени со вирусот, починаа 863 лица

Loading...

Во Бразил, во последните 24 часа се регистрирани 32.058 нови случаи со коронавирусот, а други 863 лица починаа, соопшти денеска Министерството за здравство на таа земја.

Според Министерството, повеќе од 4,7 милиони случаи на коронавирус се пријавени во Бразил од почетокот на пандемијата, а вкупно починале 142.921 лице, пренесува Ројтерс. 

Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени со вирусот корона, по САД и Индија, и втор по бројот на смртни случаи, по САД.

loading...