Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен е децидна дека работите во Унијата се менуваат на подобро и вели дека она што гледа сега е вистинска динамика во процесот за проширување.
- Мицкоски: Му честитав на Радев, со нетрпение очекувам да разговараме за сите теми
- Припадници на АРМ спасиле маж и жена: Со возило биле заглавени во канал – ова се деталите
- ЗНАМ го напушти и советничката Стеваноска во Прилеп
- Причината за смртта на 20 годишната студентка од Турција сè уште е непозната
- Од нафтени гиганти до банки: Овие компании заработуваат милијарди долари од војната во Иран
- По 7 мај, три хороскопски знаци можат да се надеваат на пари
- „Не сум декор во политички театар“ – советничка на ЗНАМ од Прилеп ја напушти коалицијата
- Румен Радев вети стабилност, правда и европска држава
- Нов раст на цената на златото
-Сакаме Западен Балкан да се приклучи – и вие и ние треба да се подготвиме. Започна дискусија во ЕУ околу ова. Ова не беше случај во минатиот мандат. Нешто значително се промени и работите се конкретни. Затоа мојата молба во земјите од регионот е дека ова е отворен прозорец со можности. Процесот не е толку строг и се заснова на заслуги. Никој не мора да чека одреден датум, можете да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи, толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување. Ајде заедно да го искористиме моментот, побара Фон дер Лајен на денешната прес-конференција во Владата.
Околу уставните измени, шефицата на ЕК истакна дека изборот е наш.
-Затоа се надевам дека сите страни и партии ќе го искористат моментот и ќе ги поддржат уставните измени. Сите партии имаат одговорност на иднината на Македонија. Се надевам дека движењето напред ќе биде поддржано од широко мнозинство, посочи Фон дер Лајен.
Пронајдете не на следниве мрежи:



