Портпаролот на италијанската противпожарна бригада Лука Кари за ТВ РАИ изјави дека противпожарните екипи трагаат по исчезнатите
Спасувачките екипи денеска извлекле телото на една млада жена од нејзиниот семеен дом, додека втор ден во калта трагаат по луѓе кои се уште се водат како исчезнати по огромното лизгање на земјиштето кое го предизвика италијанското летувалиште Искија.
Префектот на Неапол Клаудио Паломба потврди дека две жени загинале во трагедијата, потсетувајќи дека телото на 31-годишна жена било пронајдено вчера, пренесе АП.
Уште 10 лица се водат како исчезнати во пристанишниот град Казамичола, се стравува дека се затрупани под кал и урнатини.
Пронајдете не на следниве мрежи: