недела, 15 ноември 2026
Најново

Филипче со остра реакција за изјавата на Костадинов: Секој обид за негирање на македонската посебност е неприфатлив – Ја повикувам Европската унија јасно да го осуди ваквиот однос

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет.

Негирањето на посебноста на македонскиот јазик, идентитет и историја претставува директно кршење на принципите на меѓународното право и основните вредности на Европската унија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Повикувам и очекувам официјална Софија јасно и недвосмислено да се огради од изјавите на Костадинов, кои се во спротивност со европските вредности и принципите на добрососедство.

Ја повикувам Европската унија јасно да го осуди ваквиот однос, кој ги поткопува универзалните човекови права и европските вредности, и да покаже дека ваквите изјави немаат место во ЕУ.

Очекувам македонската влада итно да соопшти конкретни мерки за спречување на ваквите иредентистички изјави и активности и да преземе активности за заштита на македонското национално достоинство и интереси.

Секој обид за негирање на македонската посебност е неприфатлив и директно спротивен на европските вредности за почитување на различностите.

Поврзани вести