Високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ денес престојуваа во струмичката околина, каде беа пречекани со натпис на кој стоеше пораката:ќ
„62 сенки ќе ве следат сè додека нема правда.“
Натписот, кој алудира на трагедијата во Кочани, предизвика внимание меѓу локалното население и минувачите.
Според очевидци, веднаш по појавата на натписот, на лице место биле испратени млади активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои во најкус можен рок го отстраниле.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од натписите, туку од потсетувањето. Потсетување дека постојат 62 сенки што бараат правда. Кога реагираш со бришење, наместо со одговорност, покажуваш страв од вистината.



