петок, 13 ноември 2026
Најново

(Фото) Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари, извести Герасимовски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.
Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј”, следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски” и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов”, рече градоначалникот Герасимовски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија, се наведува во соопштението од Општината.

Поврзани вести