Украина објави нови податоци: Еве колку Руси го загубија животот во војната досега!

Генералштабот на вооружените сили на Украина во средата објави дека Русија загубила 276.990 војници од почетокот на инвазијата на Украина.

Во оваа бројка се вклучени 320 војници кои загинаа во последните неколку дена.

Според извештајот, Русија во војната во Украина загубила 4.675 тенкови, 8.950 оклопни возила, 8.792 други возила и резервоари за гориво, 6.337 артилериски системи, 792 ракетни системи за повеќекратно лансирање и 534 системи за против-воздушна одбрана. 315 авиони, 316 хеликоптери, 4.948 дронови и 20 воени бродови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.