Кабинетот на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, објави фотографии од мртвите и изгорените тела на бебиња за кои тврдат дека се жртви на Хамас.
„Хамас е нехуман. Хамас е ИСИС“, се вели во објавата од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху на социјалната мрежа Х (Твитер).
Ве предупредуваме дека фотографиите се крајно вознемирувачки. Можете да ги погледнете со кликнување ПОДОЛУ.
https://twitter.com/IsraeliPM/status/1712471782303867144
Објавени се три фотографии на кои се гледаат две бебиња чии тела се изгорени до непрепознатливост, а третото тело е обоено со крв.
- Били Ајлиш за нејзината борба со Туретов синдром: Правам сè што можам за да го потиснам секој видлив тик
- Владимир Путин вели дека крајот на војната во Украина е близу
- Товарен брод погоден со проектил во близина на брегот на Катар
- Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција
- Телеграф: Доналд Трамп има три опции во војната против Иран и сите три се лоши
Во изјавата на Бенјамин Нетанјаху се вели дека фотографиите се дел од фотографиите што Бенјамин Нетанјаху ги покажал на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, за време на неговата посета на Тел Авив.
Да потсетиме, израелските, а потоа и светските медиуми објавија дека во Кибуц Кфар Аз биле откриени тела на цивили, меѓу кои и останки на деца и бебиња.
Пронајдете не на следниве мрежи:



