Австриските медиуми пишуваат за антисемитскиот чин што се случи во петокот вечерта во центарот на Виена, каде насилно беше скинато израелското знаме пред синагогата.
Хрватски Вечерњи лист ги пренесува пишувањата на тие медиуми и наведува дека се појавило видео кое на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) го објавила Бини Гутман, виенска членка на Одборот на Светскиот еврејски конгрес.
- Путин одржа говор на најретката парада досега: „Советската армија го спаси светот, победата секогаш ќе биде наша“
- Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка ракета „Јилдиримхан“
- Европа стравува од недостиг на керозин, Николоски тврди имаме доволно резерви
- Доаѓа пеколното лето: 3 знаци нема да знаат што ги снашло
- 11 години од „Диво насеље“
- Дали постојано кивате и имате затнат нос? Еве како природно да ги победите алергиите
- Фицо грмеше од Москва! Брисел се тресе од пораката на словачкиот премиер
- Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира насилството врз жените
- СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа
Тој изјави дека на видеото се гледа како помлад човек учествува во можеби политички мотивиран чин на омраза кон Израел, додека друг му помага во тоа.
Се наведува дека виенската полиција го потврдила инцидентот и соопштила дека се случил во 2 часот ноќта меѓу петокот и саботата.
Гутман изјави дека овој инцидент е потврда дека „ситуацијата за Евреите во Европа е сериозна“.
Во снимката, која ја објавија и австриските медиуми, се гледаат двајца млади момчиња како насилно го вадат израелското знаме над влезната врата на синагогата.
Во непосредна близина може да се види млада жена која имитира пукање од автомат.
Австрискиот весник Хојте објави текст под наслов „По нападот на знамето во Виена дошло до дива тепачка“ и поднаслов „Омраза кон Израел“, наведувајќи дека еден од очевидците на инцидентот сакал да ја приведе жената, но бил спречен во тоа од неколку лица, при што едното го удрило во пределот на лицето и го повредило.
По пристигнувањето на местото на инцидентот, полицијата пронашла искинато знаме и почнала да трага по сторителите по кои се уште трага.
Пронајдете не на следниве мрежи:



