ХЕЗБОЛАХ ИГРА МНОГУ, МНОГУ ОПАСНА ИГРА: Израелската армија објави оперативен извештај од границата со Либан

Џонатан Конрикус, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), утрово го даде последниот оперативен извештај за ситуацијата на северната граница на Израел со Либан.

Би-би-си јавува дека Конрикус се фокусирал на тензиите меѓу Израел и Хезболах, чие седиште е во Либан.

– Досега нашиот одговор беше умерен, тактички и ограничен на области во близина на границата (со Либан) – објасни тој.

Конрикус рече дека „Хезболах игра многу, многу опасна игра“.

Ја ескалираат ситуацијата, секој ден гледаме се повеќе напади – изјави портпаролот на ИД.

Според него, Израел досега „само се бранел“ и преземал „превентивни чекори“.

Конрикус изјави дека Израелците кои живееле во северните населби најблиску до границата со Либан биле евакуирани ИЗВЕСТИ БИБИСИ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.