Во соопштението на Центарот за управување со кризи, беше напишано дека еден од активните пожари е пожарот во Општина Македоннски Брод, односно гори Националниот парк Јасен.
На официјалната Фејсбук страна на МВР тие соопштија дека со Хеликоптер биле фрлени 50 тони вода врз пожарот во Јасен
„Хеликоптерите на МВР фрлија 50 тони вода врз пожарот во Јасен
Денеска (09.08.2025) полициските хеликоптери Агуста Бел 212 и Бел 412 во 40 налети фрлија 50 тони вода врз пожарот во Јасен.
Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.“, стои во соопштението на МВР



