Храна и пијалаци кои не треба да ги консумирате пред спиење

Храната која ја консумираме навечер пред спиење влијае врз нашиот сон, а не сме ни свесни за тоа.
Секогаш треба да внимаваме каков тип на храна консумираме пред спиење, затоа што таа многу делува врз нашиот сон.
Некогаш позитивно, некогаш негативно.
Доколку сакате навечер да имате долг и цврст сон, избегнувајте ги овие намирници:
Зачинета храна


Зачинетата храна е многу вкусна, но благодарение на неа потешко ќе заспиете и нема да имате „здрав“ и цврст сон. Зачинетата храна може многу лесно да го иритира вашиот стомак и да направи проблеми.
Чоколадо


Просечно чоколадо содржи 30% кофеин. Затоа преферирајте да го јадете попладне, а не навечер пред спиење. Кофеинот делува лошо врз вашиот сон, па затоа избегнувајте да го јадете пред спиење.
Пици, бургери и помфрит


Избегнувајте „тешки“, обилни оброци пред спиење. Во оваа група мора да се потенцира брзата храна, која не е здрава да ја јадете и во текот на денот, а посебно не пред спиење.
Вашиот сон може да биде многу често нарушен благодарение на овој тип на исхрана.
Кафе
Подобро напијте се чај отколку кафе. Кафето треба да го избегнувате 3-4 часа пред спиење, затоа што кофеинот многу делува врз вашиот спокоен сон.
Сирење


Здравите маснотии кои се наоѓаат во сирењето му се многу добредојдени на нашето тело, но не кога ги јадеме навечер пред спиење, затоа што на телото му е потребно повеќе време за да ги обработи.
Алкохол
Алкохолот драстично го намалува квалитетот на сонот и затоа наредното утро може да биде проследено со мамурлак и главоболка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.