Цела Југославија го славеше Денот на младоста и роденденот на Тито


Цела Југославија го славеше Денот на младоста и роденденот на Тито


На денешен ден, 25 мај во цела поранешна Југославија се слави роденденот на Тито. Се славеше како Ден на младоста.

Иако е роден на 7 мај, Југословените верувале дека роденденот на Тито е на 25 мај, а до недоразбирањето дошло, како што се објаснуваше тогаш, затоа што Јосип Броз како млад комунист во Втората светска војна користел лажни документи. Воспевањето на партијата, војската, социјализмот, а пред се издигнувањето на Јосип Броз за врховен лидер, на тој ден достигнуваше врв. Традиционално, штафетата на младоста со децении минуваше низ цела СФР Југославија и секој 25 мај му се доделуваше на тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.

Младинската штафета е воведена во 1945 година, на предлог на младите од Крагуевац, како Титова штафета.

Во 1988 година, 8 години по смртта на Тито, последен пат се одржа настан на стадионот во Белград по повод Денот на младоста. Во 1989 година, Сојузот на социјалистичката младина на Југославија, го откажа овој некогаш популарен настан.

Пронајдете не на следниве мрежи: