По возбудливите воведни 10 минути, грчкиот тим ја презема контролата врз играта и на средината на втората четвртина стигна до 42-30, по што Ц. Звезда фати ритам и со серија од 8-0 намали на 41-44.
Голема битка се водеше и во второто полувреме, а српскиот тим направи пресврт во завршницата (65-62), по што успешно го бранеше водството до последниот звук на сирената.
Вилдоза беше најефикасен кај Ц. Звезда со 21 поен, четири скокови и осум асистенции, додека Блек постигна 14 поени и шест скокови за Олимпијакос.