ЦУК: Блокирани се повеќе патишта, десетици села се без струја поради снежните врнежи

Сообраќајот на патниот правец преку превојот Стража е во прекин поради попречено возило на патот кај „Тајмишка раскрсница“, а на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег, информира Центарот за управување со кризи,

„Регионалниот ЦУК Охрид известува дека поради попречено возило на патот кај ‘Тајмишка раскрсница’ кон превојот Стража во моментот сообраќајот на патниот правец е во прекин, при што се создаваат колони со возила. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта работата на терен“ соопшти ЦУК.

Саша Ковачевиќ со бесплатен концерт за првата роденденска забава
Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ (39) доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт во Дајмонд Мол на 19-ти октомври, со почеток од …
Трудо останува премиер на Канада – парламентот повторно му изгласа доверба и покрај обвинувањата за поскапувањето и криминалот во земјата
Канадскиот парламент гласаше за премиерот Џастин Трудо по вторпат за помалку од една недела, со 207 гласови „за“ и 121 „против“.Гласањето за …

АМСМ соопшти дека од 16:15 часот целосно затворен за сообраќај е патниот правец Гостивар-Стража.

Регионалниот ЦУК Битола, пак, известува дека сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег и дека имало повеќе возила кои се излизгале од патот.

„Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и на овој патен правец работеле на расчистување на теренот“,додаваат од ЦУК.

ЦУК информира и дека од 16:30 часот патниот правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила.

ЦУК јавува и за дефекти на електродистрибутивната мрежа на повеќе локации поради врнежите од дожд и снег во државата.

„ЦУК, согласно информациите во Секторот за операции и координација, известува дека поради врнежите од дожд и од снег, што ја зафатија територијата на државата, се јавуваат дефекти на електродистрибутивната мрежа на повеќе локации во државата. Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите за непречено снабдување со електрична енергија во реоните што во моментот се без електрична енергија“ информира ЦУК.

Според информациите на ЦУК, без струја се Скопје Центар, реонот околу „Млин Балкан“, Идадија и улица „9 Мај“, потоа повеќе села во Струмичко, Тетовско, Светиниколско, Кичевски, Дебарско, Гостиварско, како и повеќе села кај Македонски Брод.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.